Малиот Перица ја прашува својата учителка дали може да разговара со неа по часот. Таа прифаќа.
Учителката:
– Добро, Перица, што сакаш да ми кажеш?
Перица:
– Мислам дека сум премногу паметен за овој клас, сакам да преминам директно во гимназија.
Откако за тоа е информиран и директорот, тој го прашува Перица дали сака да полага тест. Перица прифаќа без двоумење и директорот започнува со тестот.
Директорот:
– Ајде, Перица, да видиме, 3 x 4?
Перица:
– 12!
Директорот:
– А 6 x 6?
Перица:
– 36, господине директоре.
Директорот:
Главен град на Јапонија?
Перица:
– Токио.
Тестот продолжува следните половина час, Перица не прави ниту една грешка! На крајот од тестот, директорот е задоволен, но учителката прашува дали таа сега може да постави неколку прашања. Двајцата се согласуваат и таа почнува.
Учителката:
– Добро, Перица. Кравата има 4, а јас имам 2, што е тоа?
Перица:
– Нозе, госпоѓо.
Учителката:
– Точно. Што може да се најде во твоите панталони, а во моите ги нема?
Директорот се изненадува од прашањето…
Перица:
– Џебови, госпоѓо.
Учителката:
– Добро, Перица. Каде жените имаат нагусти влакна?
Директорот се подготвува да интервенира кога Перица одговара.
Перица:
– Во Африка, госпоѓо.
Учителката:
– Што е меко, но на рацете на жената станува тврдо?
Директорот ги отвора очите, но Перица одговара.
Перица:
– Лак за нокти, госпоѓо.
Учителката:
– Што мажите и жените имаат на средината на нозете?
Перица:
– Колена!
Учителката:
– Добро. А што има мажена жена пошироко од немажена?
Директорот не може да верува на своите уши!
Перица:
– Кревет, госпоѓо.
Учителката:
– Кој дел од моето тело е често највлажен?
Перица:
– Вашиот јазик, госпоѓо.
Учителката:
– Кој збор почнува со “п” и означува нешто што може да биде влажно или суво и што мажите сакаат да го гледаат?
Перица:
– Пат!
Директорот, без здив, цел мокар од пот, одлучува да го прекине тестот и вели:
– Не те испраќам во гимназија, туку директно на факултет! Дури и јас ќе одговорев погрешно на сите прашања од тестот…
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден