Едно утро, некој тропа на вратата на бабата! Бабата отвора, а пред неа стои младо момче, убаво облечен, згоден, и држи правосмукалка во рака!
Момчето вели:
– Добро утро, госпоѓо! Би сакал, ако ми дозволите, да ви го претставам новото чудо во полето на правосмукалките!
– О… оди си! Немам пари! – вели бабата и се спрема да ја затвори вратата, но младичот ја става ногата и вели:
– Па, барем ми дајте шанса да ви демонстрирам што може овој производ!
И бабата се согласува, а момчето во тој момент вади една кеса и од неа истура куп балеги на бабиниот трем!
– Еве, госпоѓо, ако оваа правосмукалка не ја отстрани целата балега, лично ќе го изедам и најмалото зрнце што ќе остане!
Бабата почнува да се смее и вели:
– Синко, се надевам дека имаш многу добар апетит, бидејќи денес ми ја исклучија струјата!