во ,

Жена останала вдовица. Се собрале селаните да и најдат маж…

Жена останала вдовица. Се собрале селаните да и најдат маж. Пронашле соодветен кандидат исто така вдовец. Само човекот бил касап, прост човек, необразован. Жената, сепак, некако се согласила и се венчале.

Првата вечер ја поставува таа масата, а мажот вели:

– Уште тетка ми велеше дека добриот христијанин никогаш нема да седне на маса додека не преспие со жена си.

Отишле тие во спалната соба, потоа вечерале, а тој повторно:

– Уште дедо ми велеше човек никогаш не смее да заспива без да ја испочитува жена си.

И пак.

Наутро:

– А, чичко ми велеше…

По ручекот:

– Порано баба ми велеше…

Поминала една недела. Селаните ја прашуваат жената што мисли за новиот сопруг.

– Точно, тој не е интелигентен како мојот прв маж, но е од многу добро семејство!

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Отишол Трпе со Трпана на одмор во Тексас. Трпе од секогаш сакал автентични каубојски…

Детско игралиште, 5-годишната Марика дотрчува до мајка…