во ,

Во една зграда на првиот кат живеел професор, а на вториот, точно над него, студент…

Во една зграда на првиот кат живеел професор, а на вториот, точно над него, студент. Професорот си легнувал рано, а студентот си легнувал рано на сабајле.

Студентот си имал и ритуал – легнувал на креветот, ги соблекувал чевлите и ги фрлал во двата ќоша на станот.

Ова ужасно го мразел професорот, затоа што ударите од чевлите го буделе секое утро.

Затоа презел мерки. Го сретнал студентот и му рекол да не ги фрла така чевлите.

Младичот се извинил и се разделиле.

Наредното утро студентот си оди дома од излегување, легнува на креветот и ја фрла левата чевла.

Потоа се сетил што му вети на професорот и внимателно ја оставил другата на подот.

По половина час од долу се слуша глас:

– Ајде фрли ја и другата па да заспијам!

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еден принц ја прашал девојката која многу ја сакал: Дали ќе се омажиш за мене…

Лекција по зоологија. Учителката го прашува Зоки Поки…