во

Глумицата ги согори килограмите со 4 состојки! – Еве ја тајната!

Турската глумица Фахрије Евџен ја воодушеви јавноста со својата брза трансформација по породувањето, благодарение на четири едноставни состојки! По раѓањето на нејзиниот син Керем во јануари, само неколку месеци подоцна, Фахрије повторно носеше стара гардероба, враќајќи се во завидна форма. Како го постигна тоа?

Покрај редовните пилатес и гимнастички вежби, таа се придржува и до специфичен режим на исхрана. Нема оброци по 20 часот, пие до два литра вода дневно, а нејзиниот омилен напиток е чај направен од ѓумбир, лук, мед и лимон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf)

Тајната комбинација што согорува килограми
Иако многумина избегнуваат лук, неговите здравствени придобивки се познати со векови. Во комбинација со ѓумбир и мед, овој напиток може да направи чуда. Еве го рецептот:

Состојки:

  • Парче ѓумбир
  • Две чешниња лук
  • Две лажици мед
  • Кришка лимон (за сок)

Подготовка:
Излупете и изрендајте ѓумбир, па варете го во две чаши вода. По пет минути, додајте лук, мед и лимон. Откако ќе се излади, процедете го чајот и уживајте!

Овој чај го забрзува метаболизмот и го регулира апетитот, правејќи го одличен додаток на здравите навики за постигнување витко и затегнато тело.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Роналдо доаѓа: Неочекувана соработка која ги изненади сите! (ВИДЕО)

Јужна Кореја ќе ја истражува вселената заедно со НАСА