во

Јужна Кореја ќе ја истражува вселената заедно со НАСА

Јужнокорејската управа за воздухопловство (КАСА) соопшти дека потпишала меморандум за соработка на полето на вселенските истражувања со американската Национална аеронаутичко-вселенска управа (НАСА).

Меморандумот беше потпишан во четвртокот во седиштето на НАСА во Вашингтон, по разговорите меѓу шефот на КАСА, Јон Јонг-бин, и администраторот на НАСА, Бил Нелсон, пренесува агенцијата Јонхап.

Во текот на средбата, претставниците на КАСА и НАСА разговараа за можностите за соработка во различни области на вселенски истражувања и развој на воздухопловството. Во фокусот на нивната дискусија беа истражувањето на длабоката вселена, мисиите на Месечината, како и зајакнување на нивната лидерска позиција на меѓународната сцена.

Дополнително, двете агенции ја потврдија својата посветеност на одржливоста во вселената. Ова вклучува развој на стандарди за размена на информации кои се поврзани со намалување на вселенскиот отпад, управување со вселенскиот сообраќај и заштита на вселенската средина.

КАСА исто така објави дека планира да започне разговори за потпишување посебен договор за истражување со НАСА, кој би овозможил проширување на учеството на Јужна Кореја во американската програма за истражување на Месечината – Артемис.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Глумицата ги согори килограмите со 4 состојки! – Еве ја тајната!

Првпат произведен водород со сончева енергија: нова надеж за зелена иднина