во

Денес е ЕСЕНСКИ КРСТОВДЕН: Дознајте кој предмет треба да ги внесете во домот за среќа и бериќет цела година и кои се другите обичаи

Крстовден се празнува два пати годишно; есенскиот Крстовден го славиме денес, додека зимскиот се одбележува на 18-ти јануари, во чест на првите христијани и крштението на Исус Христос во реката Јордан. Во минатото, овој ден се почитувал со строг пост на леб и вода, а интересен факт е дека се дозволувало само јадење на грозје, додека друго овошје било забрането. Народната мудрост вели: „Кој се прекрстил, Крстовден да пости!“

Есенскиот Крстовден е исполнет со колоритни и стари обичаи. Во некои села, на пример, денот се одбележувал со вашари, а еден од најинтересните обичаи е премачкувањето на стоката со катран во облик на крст, за да се заштити од болести. Во многу населени места, на Крстовден се исплаќаат полјаците – чуварите на полињата, кои ги бркаат птиците и пазат на жетвата од Ѓурѓовден до овој празник. Исплатата се договара уште на Ѓурѓовден, и полјаците ја добиваат договорената сума за својата работа.

Се верува дека на Крстовден змиите се повлекуваат и повеќе не се појавуваат до пролетта. Исто така, постои обичај на овој ден да се копаат дупки за садење овошки, за дрвјата да се развијат подобро.

Еден од најубавите обичаи за есенски Крстовден е собирањето и благословувањето на босилекот. Оваа билка, позната како божја, игра важна улога во македонските обичаи. Се верува дека секој треба да внесе босилек во домот за успех и здравје, а се препорачува и да се закачи на иконата, за целата година да биде успешна. Некои веруваат и дека треба да се пие чај од босилек за благосостојба.

За луѓето родени на Крстовден, се верува дека на своите плеќи носат сенка од Чесниот крст, и затоа се особено одговорни пред Бога за своите постапки.

Според народното верување, времето на Крстовден може да го предвиди времето за остатокот од годината:

– Ако е облачно на Крстовден, зимата ќе биде снежна.
– Ако е суво, годината ќе биде сушна.
– Ако ластовиците не одлетале до Крстовден, зимата ќе биде блага.
– Тивка дождичка на овој ден најавува блага зима.
– Грмотевици на Крстовден носат плодна година.
– Топол и сув септември значи дека октомври ќе биде студен и врнежлив.
– Септемвриските дождови се добри за полињата, но штетни за лозјата.
– Каков септември околу Крстовден, таков ќе биде и март следната година.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Софија Лорен на 90! Ова е тајната на нејзиниот младешки изглед

Македонија пред најстудената зима во последните 10 години: Првиот снег паѓа наскоро, температури до -10°C