Често се вели дека на убавата жена сè ѝ прилега, но во случајот на моделот Даниела Димитровска станува јасно дека нејзиниот беспрекорен изглед не е единствената причина што ја вбројува меѓу најдобро облечените дами.
Не е важно дали носите фустан од 1.500 денари или 1.500 евра – клучот е во тоа како ќе го стилизирате, какви модни додатоци ќе одберете, каква шминка, фризура и накит ќе користите. Вештината да се претвори обична облека во моден спектакл е она што ги издвојува најдобрите.
Даниела токму ова го демонстрираше со комбинацијата од H&M – сатенски мини фустан, oversized блејзер и трендовски каубојски чизми. Иако целото внимание е насочено кон облеката, првото што го забележувате се деталите: широката трака за коса, впечатливите очила за сонце, ефектните обетки и земјената шминка совршено го комплетираат нејзиниот изглед.
View this post on Instagram
Во другата комбинација, Даниела блесна во луксузен аутфит со црвен фустан од Magda Butrym со цена од 179.700 денари, заедно со невообичаени црвени лакирани сандали од The Attico. Овој провокативен стил е надополнет со големи бисерни обетки и сјајна торбичка, а фризурата е со пуштена коса и природен волумен.
View this post on Instagram
Двата стајлинзи покажуваат дека е речиси невозможно на прв поглед да се разликуваат скапите брендови од high-street модата. А според нејзините следбеници на Instagram, Даниела никогаш не изгледала подобро. „Дали постои нешто што на оваа прекрасна жена не ѝ стои совршено?“ е само еден од бројните комплименти под нејзините објави.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден