Започна Париската модна недела, а модната куќа Dior ја претстави својата колекција за пролет/лето 2025 година. Од првиот ред, ревијата ја следеа бројни познати дами од светот на модата, филмот и музиката, но најголемо внимание предизвика појавувањето на Првата дама на Франција, Бржит Макрон.
Позната по својот префинет стил, 71-годишната Бржит Макрон ретко се појавува на модни настани од ваков тип, но оваа прилика беше посебна. Како блиска на модниот магнат Бернар Арно, сопственик на Dior, нејзиното присуство на ревијата не беше изненадување, туку вистинска модна сензација.
Макрон блескаше во елегантен класичен костум кој веднаш освојува со својот квалитет и класа – комплет потпишан, како што се очекуваше, од Dior. Таа носеше молив здолниште малку над колена и струкиран сако со модерни раменски линии и впечатливи копчиња. Овој безвременски стил го заокружи со класични црни салонки од велур, бисери и иконичната Lady Dior чанта во црна боја.
Монохроматскиот изглед на Бржит Макрон е совршен пример дека класичните парчиња се секогаш вистински избор за жените кои сакаат да изгледаат отмено и стилски на секоја возраст.
Што мислите за овој безвременски стил?
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден