во

Првата македонска анимација со светска премиера на топ фестивал за фантастика

„Јон Вардар против галаксијата“ – првиот долгометражен анимиран филм од Македонија, се подготвува за својата светска премиера на еден од најпрестижните фестивали за фантастика – „Ситџес фантастик филм фестивал“ во Шпанија. Овој фестивал, кој многумина го нарекуваат „Кан за фантастични филмови“, е еден од најзначајните на светско ниво и оваа година ќе го одбележи своето 57-мо издание.

Филмот, режиран од Гоце Цветановски и продуциран од Алан Кастиљо и „Линкс студио“, ќе се прикаже во рамките на фамилијарната програма, со две проекции на 5 и 11 октомври. Ова е значајно достигнување за македонската кинематографија, која го прави својот прв исчекор во долгометражната анимација.

Организаторите на фестивалот изразија задоволство од изборот на „Јон Вардар против галаксијата“, нагласувајќи дека тоа е првиот анимиран филм во историјата на Северна Македонија кој заслужил место на овој светски реномиран настан.

Режисерот Цветановски го истакна своето задоволство, додавајќи: „Голема чест е што нашиот филм е избран да биде дел од оваа престижна селекција. Ова е само почеток, и очекуваме уште многу успешни проекции низ светот.“

„Јон Вардар против галаксијата“ е забавна космичка авантура што ги следи перипетиите на еден несмасен човек и неговиот нарцисоиден робот, кои заедно со многу вонземјани ќе се обидат да ја спасат галаксијата од самите себеси. Арт директор на филмот е познатиот Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, додека анимацијата ја води Димитар Ѓоргиев.

Филмот е создаден со поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија, во копродукција со Унгарија, Бугарија и Хрватска. Покрај овој проект, Цветановски е познат и по својот ангажман во популарната детска серија „Сказните на Биби“, како и по неговиот успешен крими-трилер „Бизнисот на задоволството“, кој се закити со десет меѓународни награди.

Очекувањата за идните проекции на „Јон Вардар против галаксијата“ се големи, а филмот е веќе селектиран и за уште еден значаен фестивал, за кој деталите ќе бидат објавени наскоро.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРАТА! Македонија на удар од силни дождови и студен бран!

Интернет ѕвездата „Success Kid“ стана полнолетен: Како изгледа денес?