во

Љубовница открива зошто мажите изневеруваат: „Сите ми кажаа иста работа“

Гвинет Ли, професионална љубовница која живее на релација Лондон-Калифорнија, го сподели своето искуство со повеќе од 100 оженети мажи и открива зошто тие ги изневеруваат своите сопруги. Во интервју за The Sun, Гвинет вели дека речиси секој маж што го запознала, без разлика дали е филмски продуцент или успешен бизнисмен, имал исто објаснување за своето неверство: „Им е досадно со сопругите.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gweneth Lee (@gweneth_jsm)

„Им е доста од нивните лица, од нивните тела, од разговорите со нив. Сите ми кажаа дека се со мене бидејќи жените им станале здодевни“, вели Гвинет, опишувајќи ја ситуацијата како своевидна „пандемија“.

Гвинет додава дека некои жени свесно остануваат во бракови и по неверствата на своите партнери, често поради финансиски причини или заради децата. Но, истовремено, тие бараат страст и возбудување на друго место, надвор од бракот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gweneth Lee (@gweneth_jsm)

Според Гвинет, есента е најчестото време за афери, бидејќи враќањето на децата во училиште остава повеќе слободно време за родителите. „Мажите често лажат дека се на деловни состаноци, додека всушност се гледаат со мене. Не чувствувам вина – одговорноста е на нив, не на мене“, објаснува таа.

Иако ужива во вниманието и комплиментите од оженетите мажи, Гвинет признава дека нема интерес за долготрајна врска. „Оженетите мажи се внимателни – ќе забележат ако си купиш нова фустан или си ја промениш фризурата. Но, не сакам засекогаш да останам со нив. Ако сакав да излегувам со просечен маж, ќе бев на Tinder.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gweneth Lee (@gweneth_jsm)

Иако некогаш била мажена, Гвинет смета дека шансите повторно да стапи во брак се мали. Според неа, идеален љубовник е богат маж со широки погледи на светот.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

“Ѓоковиќ е чуден, ама неверојатен!” – позната тенисерка со искрена изјава за Новак

Авион се сруши во езеро Јута – патници заробени под вода (ВИДЕО)