На популарната Фејсбук страница „Носталгија“, која брои над 300.000 следбеници, пред некое време беше споделена фотографија од типична дневна соба во Југославија од 80-тите. Оваа фотографија разбуди силни емоции кај многумина, потсетувајќи ги на времето кога сè било поедноставно.
Во денешно време, кога се тркаме по кариера, пари и признание, тешко е да се најде време за семејството и за моменти на опуштање во домашна атмосфера, далеку од модерните стресови. Токму затоа, не е чудно што еден детаљ на фотографијата веднаш им паднал в очи на многумина.
„Прекрасна слика, прво ми беше чудно што децата седат без мобилни телефони во рацете, а и родителите исто така. И тогаш сфатив… Па да, тоа беа добрите стари времиња. Супер е што семејството е на купче“, пишува еден коментар. „Во тој стан не недостасува ништо. Гледате колку љубов има, децата седат во скутот на родителите. Тоа беше најважно. Сега секој е за себе и гледа во телефонот, никој нема време за разговор. Жалосно е тоа“, додава друг корисник.
Што мислите вие за оваа фотографија? Дали ви недостасуваат старите добри времиња, или пак мислите дека со модерната технологија денес се живее подобро? Споделете го вашето мислење во коментарите!
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден