во

Брижит Бардо наполни 90 години: Животот на филмската икона полн со љубови, трауми и контроверзии

Француската филмска ѕвезда, Брижит Бардо, денес го слави својот 90-ти роденден, зад себе оставајќи еден од најбурните животи во светот на шоу-бизнисот. Нејзиниот пат беше обележан со огромна слава, трауматични љубови, семејно насилство и контроверзни ставови што ја шокираат јавноста до ден-денес.

Родена во Париз во 1934 година, Бардо пораснала во строга семејна средина со родители кои практикувале и физичко и психичко насилство. Во нејзините мемоари отворено зборува за грубите методи на воспитување – татко ѝ, индустријалец, и мајка ѝ, наследничка на осигурителна компанија, често ги тепале со каиш и диктирале правила во сите аспекти од нивниот живот.

Една од најголемите трауми кои ги претрпела како дете е моментот кога нејзиниот сакан зајак бил убиен и сервиран за вечера од страна на нејзините родители, што подоцна ја инспирирало да стане гласен борец за заштита на животните.

Кариерата на Бардо започнала на само 15 години, кога станала модел за францускиот магазин Elle, а со брз успех се пробила и во светот на филмот. Со филмот „И Бог ја создаде жената“ од 1956 година, таа стекна меѓународна слава, иако филмот беше забранет во неколку земји поради провокативните сцени. Набргу потоа, Бардо стана најплатената актерка во Франција и културна икона на 60-тите години, позната по својата убавина и отвореност за сексуалноста и слободниот живот.

И покрај тоа што изгледаше како да го има целиот свет под нејзините нозе, славата си го зеде својот данок. На само 26 години, Бардо направила обид за самоубиство, проголтувајќи голем број апчиња за спиење, но по чудо преживеала.

Љубови и бракови

Во нејзиниот љубовен живот доминираат четири бракови и многу љубовни врски. Нејзиниот прв сопруг, режисерот Роже Вадим, бил нејзината голема љубов, но и тој брак завршил кога го изневерила со колегата Жак Шариер, со кого подоцна имала син. Односот со синот, меѓутоа, бил тежок – Бардо се двоумела дали да абортира, а подоцна го опишала мајчинството како „непријатно искуство“, нарекувајќи го синот „тумор“. Оваа изјава предизвикала огромен шок во јавноста, а односот со синот никогаш не се подобрил.

Третиот брак со германскиот милијардер Гинтер Сакс исто така завршил со развод, а нејзиниот последен сопруг е Бернард Дормале, француски политичар од десничарската партија, со кого е во брак од 1992 година. Неговото политичко влијание можеби е поврзано со нејзините понови контроверзни изјави кои вклучуваат расизам и национализам.

Последните години

Во 1973 година, Брижит Бардо се повлече од филмската сцена и реши целосно да се посвети на заштитата на животните, формирајќи фондација што до денес се занимава со хуманитарни активности. Иако во минатото беше симбол на убавина и сексапил, таа често истакнува дека нејзиниот физички изглед никогаш не ѝ донел вистинско задоволство.

Животот на Бардо, исполнет со контроверзии и незаборавни моменти, остава траен белег во историјата на светската кинематографија и поп-култура. И на 90 години, таа продолжува да го фасцинира светот, одбивајќи да биде заборавена.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мојот сопруг ја прифаќа мојата слобода да бидам со други мажи

Донатела Версаче се откажа од пластичните операции – еве како изгледа сега