во

Донатела Версаче се откажа од пластичните операции – еве како изгледа сега

Донатела Версаче, креативната сила која веќе повеќе од две децении стои зад светски познатата модна куќа „Версаче“, е една од оние жени кои отсекогаш ги поддржуваат другите жени. Но, покрај нејзините бројни успеси, таа често е мета на критики поради нејзината отворена љубов кон пластичната хирургија.

Од 1997 година, кога го презеде водството на модната империја, Донатела успешно го прошири брендот, пренесувајќи го од луксузна облека до модни додатоци, мебел, па дури и дизајн на хотели. Под нејзина рака, „Версаче“ стана симбол на глобален луксуз и стил на живот. Но, и покрај сите нејзини достигнувања, јавноста често повеќе се фокусира на нејзиниот изглед отколку на нејзиниот професионален успех.

Неодамна, Донатела се појави на една престижна церемонија во Њујорк, облечена во впечатлива жолта креација, со пуштена коса и силна шминка која ги истакнуваше брчките и опуштената кожа околу очите. Овој нејзин изглед ги поттикна шпекулациите дека можеби одлучила да престане со пластичните зафати, како и дека прифаќањето на стареењето станува нов тренд меѓу познатите.

Донатела секогаш има специфичен пристап кон стареењето и модата. Според неа, годините не треба да го диктираат начинот на кој се облекуваме:

„Иако треба постојано да се развиваме и усовршуваме, никогаш не смееме да се ограничуваме според нашите години. И дефинитивно, не треба да се облекуваме според нив,“ изјави таа.

На прашањето дали сè уште носи мини здолништа на своја 69-годишна возраст, таа одговори самоуверено: „Секако дека ги носам, но не со голи нозе.“

Иако долго време беше предмет на критики поради „претераното користење на пластичната хирургија“, Донатела е позната по тоа што на своите модни ревии често ангажира модели на возраст од 40 и 50 години, испраќајќи порака дека убавината не познава возрасни граници.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Брижит Бардо наполни 90 години: Животот на филмската икона полн со љубови, трауми и контроверзии

(Фото) Првите автобуси тргнаа од новата главна автобуска во Белград