во

Неделен хороскоп: Успешен период за Овните, нова љубов за Водолиите, Раковите да внимаваат на повреди

Дознајте што ви носат ѕвездите оваа недела – можеби ќе ви се исплати да внимавате!

Оваа недела ни носи интересни астролошки случувања. Со Меркур и Сонцето во Вага, фокусот е на комуникацијата и решавање на проблемите кои ве оптоварувале. Ова е време да пристапите дипломатски и да градите добри односи во различни аспекти од вашиот живот.

Овен Работа: Успешна недела за сите кои се занимаваат со приватен бизнис, со можност за финансиски напредок.
Љубов: Ова е период на судбоносни запознавања за слободните, додека за оние во врска, можно е планирање на заеднички живот.
Здравје: Внимавајте на вирусни инфекции и пад на енергија.

Бик
Работа: Можно е да се појават понуди за нови работни места или промени во кариерата. Искористете ги шансите.
Љубов: Можни се возбудливи познанства кои ќе ви го разиграат умот, а за зафатените, подобрена комуникација.
Здравје: Внимавајте на исхраната.

Близнаци
Работа: Оваа недела е одлична за преговори и финансиски успех.
Љубов: Љубовта цвета – уживајте во пријатни моменти со саканата личност.
Здравје: Внимавајте на главоболки, потребен ви е одмор.

Рак
Работа: Позитивен развој на настаните, со многу работа и финансиско задоволство.
Љубов: Новите познанства може да се претворат во стабилни врски.
Здравје: Обрнете внимание на мали повреди.

Лав
Работа: Напредок и задоволство во кариерата, со можност за кратки патувања поврзани со работата.
Љубов: Одличен период за љубовни случувања, со можност за поврзување со некој од минатото.
Здравје: Чувствувате напнатост, внимавајте на стресот.

Девица
Работа: Активна недела, идеална за завршување на заостанати обврски и нови проекти.
Љубов: Убави љубовни случувања, особено ако се одлучите на кратко патување.
Здравје: Можни се хронични тегоби.

Вага
Работа: Промени на подобро, со подобрување на финансиската состојба кон крајот на неделата.
Љубов: Флертови и нови познанства се на повидок, но не очекувајте сериозни врски.
Здравје: Внимавајте на вирусни инфекции и проблеми со циркулацијата.

Шкорпија
Работа: Успешна недела на професионален план, иако може да настанат мали несогласувања на почетокот.
Љубов: Можности за авантури и страст. Задолжените, внимавајте на тајни врски.
Здравје: Внимавајте на алергии и воспаленија.

Стрелец
Работа: Преговори што ќе донесат долгорочни бенефити.
Љубов: Враќање на хармонијата во односите, но не е време за нови сериозни врски.
Здравје: Внимавајте на дигестивниот систем.

Јарец
Работа: Почетокот на неделата носи тензија и можни несогласувања на работното место.
Љубов: Нови познанства се можни преку пријатели или социјални мрежи.
Здравје: Проблеми со варењето и коскениот систем.

Водолија
Работа: Одлична недела за оние кои работат со странство или сакаат да се дообразуваат.
Љубов: Слободните може да започнат нова врска, но внимавајте на изборот.
Здравје: Обрнете внимание на дигестивниот тракт и вирусни инфекции.

Риби
Работа: Проблемите се решаваат, со можност за нови проекти и преговори со странски партнери.
Љубов: Големи шанси за нова љубовна приказна, а зафатените добиваат стабилност во односот.
Здравје: Внимавајте на крвниот притисок и алергии.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како да препознаете психопат за 5 минути: има еден сигурен знак кој открива сè

Љуба Аличиќ ги „разнесе“ Теа Таировиќ и Барбара Бобак: „Бараат 8.000 евра, а ниеден хит немаат“