во

Актерката се омажи за долгогодишната партнерка: Двете дами во венчаници блескаа од среќа

Актерката Ребел Вилсон и кажа да на дизајнерката Рамона Агруми на церемонија во луксузна зграда на Сардинија.

Актерката Ребел Вилсон се омажи за својата долгогодишна вереничка Рамона Агрум. Церемонијата се одржа на романтична Сардинија. Двете дами носеа романтични бели венчаници, со крој на принцези.

Самиот чин на венчавката се одржа во градината на луксузен хотел, што на целиот чин му додаде шмек на романса. На интимната церемонија присуствуваа нивните пријатели и членови на семејството, а нивната среќа не можеше да се сокрие, особено што овие дами долго време ја криеја својата врска од јавноста.

Нивната врска стана позната во јуни 2022 година, кога Ребел објави заедничка фотографија на која напиша: „Мислев дека барам принц на Дизни… Но, можеби она што навистина ми требаше цело ова време беше принцезата на Дизни“.

На крајот на 2022 година, Ребел објави дека добила ќерка со помош на сурогат мајка. „ Неверојатно сум горд што можам да го објавам раѓањето на моето прво дете, Ројс Лилијан, родено минатата недела преку сурогат “, напиша тогаш Ребел.

Кого се бакнуваше Ребел пред Рамона?

Пред да се заљуби во Рамона, Ребел имаше низа неуспешни врски со мажи. Во 2015 година актерката беше во врска со продуцентот Мики Гуча Јуниор со кој работеше на филмот „Како да се биде соло“, а потоа во 2017 година накратко се забавуваше со каскадерот Аден Стеј. Нејзиното последно момче беше бизнисменот и милијардер Џејко Буш, 11 години помлад од неа, со кој раскина во февруари 2021 година, а потоа ја најде среќата со Рамона.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриено зошто Никола Тесла умрел сиромашен и сам: Водел необичен живот и избегнувал луѓе, завршил сам во хотел

Секоја жена мора да слушне зошто Памела Андерсон не се шминкала 5 години: Причината е многу тажна, а потоа доживеала неверојатен пресврт