Вклучете ја темната верзија на сајтот.

Вклучете ја светлата верзија на сајтот.

Вклучете ја темната верзија на сајтот.

Вклучете ја светлата верзија на сајтот.

во

Јадел „волшебни“ печурки, па фатил секира и си ја отсекол машкоста: По 5 часа ги донел деловите во болница во тегла, а еве што се случило…

Ова се видовите на печурки кои го содржат психоактивното соединение псилоцибин.

Лекарите во градот Фелдкирх се шокирале кога виделе маж (37), кој си ја отсекол машкоста откако изел „ волшебни печурки “.

Ова се видовите на печурки кои содржат психоактивно соединение псилоцибин, што може да доведе до визуелни халуцинации и длабоки промени во свеста. Овие печурки не се откритие на модерното време, туку се користат со векови и се познати како традиционална храна во одредени култури, на пример во Мексико и Јужна Америка.

Според извештаите, во моментот на инцидентот, пациентот наводно страдал од депресија и злоупотреба на алкохол, а пред да дојде во болница изел пет сушени печурки, пренесува New York Post. Ова предизвикало „психотична епизода“ во која посегнал по секира и си ja пресекол машкоста на неколку парчиња.

Лекарите рекле дека се обидел да врзе парче ткаенина околу раната за да го запре крварењето , а потоа излегол од куќата за да побара помош. Го видел соседот, по што завршил во болница – пет часа откако се самоповредил.

Во извештајот се вели дека тој донел делови од гениталниот орган во тегла полна со снег , па лекарите прво морале да ги исчистат, а потоа да ги сошијат.  По тешката операција, пациентот бил ставен под грижа на психијатар, а тој рекол дека не се сеќава на кошмарната сцена од куќата. Имаше психотични напади една недела, а подоцна се опорави.

Лекарите забележуваат дека операцијата била успешна и дека компликациите, вклучително и некрозата на дел од ткивото, биле успешно решени. Неколку месеци подоцна, на мажот му се врати еректилната и уринарната функција.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Синот на Брена го покажа луксузот од станот вреден 700.000 евра: Неверојатен поглед од 40-ти кат!

Познатата македонска ракометарка му кажа ДА на синот на актерот Владо Јовановски

Врати се Горе