во ,

Реперот Десингерица во тепачка на улица, сопругата со повредена уста!

Реперот Драгомир Деспиќ Десингерица и неговата сопруга Невена Бркљаќ се најдоа во неочекувана и непријатна ситуација за време на возење автомобил. Инцидентот се случи во присуство на нивното дете, а Десингерица за “Блиц” ја објасни целата случка.

“Кога еден човек почна да турка детска количка кон автомобилот, мораше да закочам нагло! Во автомобилот беше нашето дете кое спиеше, а сопругата Невена беше до мене. Тогаш тој човек почна да ме напаѓа и викаше: ‘Дрогирана п***о, што е работата?’, па излегов од автомобилот. Човекот, дедо, ме турна и тргна кон мене, но му реков дека нема шанси да се тепам со човек што може татко да ми биде! Му велев: ‘Не сакам да се тепам со тебе, стар си, не можам да се тепам со тебе’, но тогаш неговиот син тргна кон мене! Потоа јас се нафрлив на синот, а дедото продолжи да ме удира“, објасни реперот.

Потоа, Невена излегла од автомобилот, а дедото ја удрил со тупаница, при што ѝ раскрварил усната. Инцидентот се влошил кога дедото продолжил да напаѓа, а реперот бил во шок од целата ситуација.

Десингерица во минатото предизвика реакции кај публиката со контроверзни настапи, како фрлање корки на луѓето, кршење јајца и рендање кашкавал врз публиката. На еден од настапите дури и плукна девојка во уста, што предизвика огромен гнев во јавноста.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Племе со 3.000 жени и само 7 мажи кои спијат на дрвја за да избегаат од нивната “љубов”!

Татковите зборови кон зетот на свадба ги разнежнија сите: „Ако престанеш да ја сакаш…“