Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ го најави својот трет концерт на Ушќе, кој ќе се одржи на Видовден, 28 јуни 2025 година. Иако до концертот има помалку од девет месеци, веќе се забележува вистински хаос околу резервациите.
Иако билетите за настанот сè уште не се пуштени во продажба, самата најава предизвика огромен интерес кај нејзините фанови ширум регионот и Европа. Голем број од нив веќе резервираат хотели и апартмани за да обезбедат престој за овој спектакл.
Еден фан на Цеца сподели скриншот од својата резервација и напиша: „Она што е сигурно, е сигурно“, но очигледно тој не е единствениот што не сака да ризикува. Друг корисник на социјалните мрежи се надоврза на фотографијата и исто така ја сподели својата резервација со зборовите: „Добро е што не сум единствен“.
Да потсетиме, Цеца претходно одржа два легендарни концерти на Ушќе – во 2006 и 2013 година, а сега повторно ќе настапи на овој легендарен простор на најголемиот српски празник, Видовден. Пејачката неодамна изјави дека подготовките за концертот веќе се во полн ек и дека фановите може да очекуваат незаборавно доживување.
Концертот Ушќе 2 го сруши сите рекорди, а сега се очекува уште поголема посетеност, што предизвикува раст на цените за сместување во Белград за летото 2025 година.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден