Необична приказна доаѓа од италијанскиот град Ачера, каде што крадци провалиле во домот на едно семејство, одзеле вредни предмети, но и нивниот домашен миленик.
Настанот ќе останеше само уште една криминална вест, ако не се огласеше таткото на девојчето, Росарио, кој на социјалните мрежи објави трогателна порака. Тој објасни дека кучето по име Мауи му припаѓа на неговата 12-годишна ќерка Мириам, која поради тешка болест е во инвалидска количка.
„Задржете сè што земавте, само вратете го кучето. Тоа ѝ значи сè на мојата ќерка. Тој ѝ прави друштво од нејзината трета година“, апелираше Росарио.
Овој емотивен апел брзо се прошири на интернет, поддржан од многу граѓани, како и од претставници на локалната власт. По неколку дена, веста доби неочекуван пресврт.
Семејството го пронашло Мауи пред влезната капија на нивниот дом. Набргу потоа примиле телефонски повик.
„Ги слушнавме крадците со странски акцент. Ни рекоа дека го враќаат кучето заради девојчето и дека се ‘чесни крадци’“, откри Росарио.
Така, Мириам повторно го прегрнала своето сакано милениче.
„Цела Италија се мобилизираше за да ѝ се врати кучето на мојата ќерка. Таа плаче од радост. Огромна благодарност до сите! Ова навистина нè трогна“, со емоции изјави таткото.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден