во

Веќе нема да можете да користите WhatsApp на овие телефони: Големата промена доаѓа на почетокот на следната година

Од 24 февруари 2025 година, минималниот услов за апликацијата WhatsApp на уредите на iPhone ќе биде да има инсталиран оперативен систем iOS 14.1.

Ова значи дека ако имате еден од постарите модели на iPhone, нема да можете да се допишувате со семејството и пријателите преку оваа апликација.

Во суштина, сите iPhone 6, iPhone 5s, iPhone 6 Plus и постари модели се погодени, бидејќи тие не можат да се ажурираат на потребната верзија на оперативниот систем.

Како главна причина за ваквата одлука, WhatsApp ја наведува безбедноста на корисниците, и вели дека постарите оперативни системи не ги исполнуваат сите потребни стандарди за извршување на потребните функции.

За корисниците на Android, нема нови системски барања – доволно е да имате Android 5.0 на вашиот телефон и користењето на апликацијата е можно.

 


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Печеме полжави на Смедеревац и живееме како планинари: Гаги Јовановиќ и Бранка Пујиќ го напуштија градот, а ова е нивната дрвена куќа на планина

Четворица мажи упаднаа во бекстејџот на Наташа Беквалац: Имаа посебно барање, нејзината реакција беше хит