во

Познат актер понуди сместување за настраданите од поплавите во БиХ

Актерот Милан Павловиќ реши да помогне на настраданите од поплавите што денеска ја погодија Босна и Херцеговина, нудејќи им бесплатно сместување.

„Ако некому му треба сместување од Јабланица или околината, кај мене има место за двајца… Се разбира, без никаква надокнада… Немојте да ве биде срам… Пишете ми во инбокс“, објави актерот на Фејсбук, пренесуваат „Независне новине“.

Поплавите го погодија регионот околу Јабланица, Конјиц, Кисељак, Фојница и Крешево, предизвикувајќи сериозни проблеми во сообраќајот и инфраструктурата.

Иако патот од Конјиц кон Јабланица во еден момент бил отворен, новите информации од BIHAMK потврдуваат дека истиот е повторно блокиран, освен за возилата на итните служби.

Дополнително, сообраќајот во регионот на Кисељак кон Крешево, Фојница и Сараево се одвива со потешкотии поради присуството на вода и кал на патиштата, иако е прооден.

Според последните податоци, во катастрофалните поплави кои зафатија голем дел од Босна и Херцеговина, досега загинаа најмалку 18 лица.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Момче меѓу урнатините во Јабланица: „Го барам пријателот…“

Каќа Грујиќ потресена од поплавите во БиХ, го откажа настапот: „Искрено сочувство до сите семејства…“