Големи поплави ги погодија јужните делови на Босна и Херцеговина, носејќи 15 животи и оставајќи бројни семејства во жалост. Во овие трагични моменти, многу познати личности ги откажаа своите настапи и понудија поддршка за сите погодени.
Анѓела Игњатовиќ, позната како Бресквица, го откажа својот настап во Босна и испрати порака преку социјалните мрежи:
„Драги мои, поради трагедијата која се случи на територијата на Босна и Херцеговина, вечерниот настап ќе биде откажан. Сите сме со семејствата на настраданите со сето наше срце“, напиша Бресквица.
Исто така, Катарина Грујиќ, чиј настап требаше да се одржи во Јабланица, се огласи поради ситуацијата:
„Драги мои, поради природната и незапаметена катастрофа која ја погоди Јабланица, а пред сѐ поради големиот број повредени, погинати и исчезнати луѓе од тој регион, сакам да ве информирам дека ќе се дружиме некој друг пат. Изразувам најдлабоко сочувство на сите семејства кои изгубиле свои најблиски. Ве сака ваша Катарина Грујиќ“, напиша таа на својот Инстаграм профил.
Пејачката Маја Беровиќ, која е родена во Илијаш, повика на акција и помош за жртвите од поплавите. Таа објави број за донации, истакнувајќи ја својата желба сите да се приклучат и да помогнат:
„Молитва за сите погодени места, особено за Јабланица“, додаде таа.
Исто така, Саша Матиќ требаше вечерва да одржи концерт на градскиот плоштад во Бања Лука, но и неговиот настап беше откажан поради ситуацијата.
Познатите испраќаат сочувство и помош за погодените од катастрофалните поплави, повикувајќи на солидарност и единство во овие тешки времиња.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден