Во екот на катастрофалните поплави што ги погодија Босна и Херцеговина, срцепарателната приказна за брачниот пар Ирмела и Јасмин Чилиќ го потресе целиот регион.
Овој пар, познат по својата силна и безгранична љубов, трагично го загуби животот кога бујицата го уништи нивниот дом. Спасувачките екипи ги пронајдоа загрлени под урнатините, сведочејќи за нивната нераскинлива врска до последниот здив.
Приказната длабоко го трогна и познатиот актер Драган Маринковиќ Мацa, кој на својот профил на Инстаграм објави нивна фотографија и испрати тажна порака:
View this post on Instagram
„Брачниот пар Ирмела и Јасмин Чилиќ, пронајдени загрлени под урнатините по бујицата во Јабланица… Почивајте во мир. Што е животот, неколку чекори, малку тага и радост…“, напиша Мацa.
Ирмела и Јасмин живееле во мало село во БиХ, коешто беше целосно опустошено од поплавите. За жал, не успеале да избегаат од силните води кои го уништиле нивното место таа кобна ноќ. Кога спасувачите пристигнале до урнатините, ги нашле во прегратка, оставајќи ги присутните во шок и тага, сведочејќи за нивната љубов која ги надминала сите пречки.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден