Ајла Бегиќ (28), која беше во седмиот месец од бременоста, загина во катастрофалните поплави што ги погодија Босна и Херцеговина. Зад себе ја остави својата петгодишна ќерка Далал, која сега живее со татко ѝ Дино кај неговата тетка, откако нивниот дом беше целосно уништен.
„Куќата повеќе не постои, беше убава двокатна, но што ми вреди сега тоа? Сè изгубивме за неколку часа. Моето девојче не ни прашува за мајка ѝ, иако е свесна за сè. Секогаш е до мене, во моето скутче, не сака да се одвои. Останавме без сè – без дом и без најблиската фамилија“, споделува Дино, кој сè уште се справува со траумата.
Кога почнале поплавите, тој и Ајла, која била во напредна бременост, избегале од дома боси и голи, но трагедијата ја погодила семејството. „Малата се спаси, и само Бог знае како. Беше повредена и облеана со крв“, вели Дино, кој е во шок и болка.
„Не знам ни како сум. Живеам како во полусон, главата ми е во облаците. Сакам да плачам, но не можам. Животот е тежок, судбината е таква“, додава тој со тажен глас, опишувајќи го моментот кога ја изгубил својата сакана сопруга.
Сега, со поддршка од семејството, Дино се обидува да продолжи напред заради ќерката. Со огромен бол, тој се подготвува за погребот на својата сопруга, надевајќи се дека ќе може да ѝ обезбеди мирен и достоен последен одмор.
Оваа трагедија уште еднаш потсетува на ранливоста на луѓето пред природните катастрофи, но и на силата и љубовта што ги води во најтешките моменти.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден