Јелена Карлеуша, една од најголемите регионални ѕвезди, беше специјален гостин на хуманитарниот лајв на популарниот јутјубер Бака Прасе. Иако во минатото имале несогласувања, двајцата успеале да ги остават зад себе и да се дружат во неговиот стан повеќе од два часа, пред десетици илјади гледачи.
Лајвот, кој го следеле над 150.000 луѓе во секој момент, имаше хуманитарна цел. Сите донации од публиката ќе бидат насочени кон помош за настраданите во поплавите во Босна и Херцеговина. Во текот на 2 часа и 24 минути колку што траел програмот, собрале вкупно 14.540 евра.
Меѓу познатите личности кои донирале беа и младите музичари Михајло Веруовиќ – Војаж и Нуќи, но најголемата донација дојде од членовите на семејството Ѓоковиќ. Сања и Ѓорѓе Ѓоковиќ донирале 3.000 евра за помош на луѓето погодени од катастрофалните поплави во БиХ.
По завршувањето на лајвот, Бака Прасе јавно им се заблагодари на сите кои донирале. На својата Инстаграм страница напиша:
„Благодарност до сите што учествуваа во собирањето на средствата за жртвите од поплавите во БиХ, а посебна благодарност до Карлеуша и до сите што донираа големи суми пари,“ и додаде:
„Собравме скоро 15.000 евра, а јас ќе донирам дополнителни 10.000 евра,“ напиша Бака Прасе.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден