во

8 спални, 11 бањи, кино, базен… Јелена Јанковиќ живее со сопругот и ќерката во луксузна вила во Сан Диего! Пензија од соништата

Поранешната тениска ѕвезда Јелена Јанковиќ, заедно со својот сопруг Бранко Барец и нивната ќерка, го напуштија Белград и се преселија во Америка. Според информации на “Курир”, тие сега живеат во импресивна луксузна вила во областа Ранчо Санта Фе, близу Сан Диего.

Оваа раскошна вила, изработена во медитерански стил, се протега на 1.500 квадратни метри и претставува вистинска оаза на мир и удобност. Домот има осум спални соби, дури 11 бањи, билијард сала, базен, теретана, тениско игралиште, сауна, сала за масажа, приватен кино салон и винарска визба која може да собере 1.500 шишиња вино. Иако пред неколку години Јелена планирала да ја продаде вилата, се чини дека го сменила мислењето и сега ужива во овој дом со семејството.

По раѓањето на ќерката, Јелена целосно се посветила на нејзиното воспитување и на својот приватен бизнис, а голема поддршка добива од сопругот, кој честопати патува помеѓу Америка и Србија поради своите работни обврски.

Во едно од своите последни интервјуа, кое го даде за медиумите во Словенија, Јелена сподели како се менува нејзиниот живот по пензионирањето:
„Прекрасно е во пензија. Веќе три години сум мајка и живеам мирен живот. Се оддалечив од медиумите и сакам да ја задржам мојата приватност. Кога играв тенис, сè беше поинаку. Да се биде број еден во светот е најголемото достигнување кое некој може да го постигне во тенисот. Тоа ми беше детски сон. Бидејќи големи турнири може да освои и 50-та или 100-та тенисерка на ранг-листата, да се биде најдобар е вистински подвиг,“ изјави таа.

Јелена и нејзиниот сопруг Бранко се запознале сосема случајно на почетокот на 2020 година, кога таа дошла на приватна клиника за тестирање на коронавирус, каде го сретнала него. Од првиот момент меѓу нив се родила љубов, која ја држеле во тајност сè додека “Курир” не откри дека Јелена е бремена.

Бранко Барец, кој докторирал во 2018 година на тема за улогата на сексуалните стероидни хормони во акутниот инфаркт кај мажи над 40 години, работи како специјалист по интерна медицина и ревматологија. Иако неколкупати се обиделе да контактираат со Јелена и нејзиниот сопруг, тие не одговориле на повиците.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шеикот полуде по Цеца: Милионер закупи ВИП сепаре за настапот на српската пејачка, не прашувајќи за цената

Грешки од „Жикина династија“ кои сите ги пропуштиле: сте го гледале милион пати но не сте ги забележале овие нелогичности!