во

Катастрофа на Флорида: Ураган Милтон носи пустош, градовите под вода

Ураганот Милтон, најсилниот што ја погоди Флорида во последниве сто години, предизвика масовна евакуација и уништување низ државата. Иако ослабен од категорија 5 на категорија 2, Милтон остави голема штета зад себе. Над милион жители беа принудени да ги напуштат своите домови, а многу области се целосно поплавени. Ветрови со брзина до 200 км/ч ги откорнаа покривите, вклучувајќи го и оној на стадион во Тампа, а најголема штета се пријавува од Неапол, Форт Мајерс и Тампа.

Неочекувани количини дожд во само неколку часа

Флорида беше погодена од рекордни врнежи. Во Санкт Петербург паднале над 460 мм дожд за неколку часа, далеку надминувајќи го претходниот рекорд од 180 мм поставен во 2001 година. Слична ситуација беше и во Мекеј Крик, каде што паднаа речиси 380 мм дожд, додека Тампа регистрираше 254 мм, што е огромен пораст во споредба со октомврискиот просек.

Страшен момент во окото на ураганот

Сведоштво од Бренда Грифитс од Сарасота, која била во зграда отпорна на урагани, опишува драматична сцена во „окото“ на бурата: „Ветровите беа толку силни што стаклата на прозорците се тресеа. Потоа сè замолкна наеднаш – излеговме надвор и не можевме да видиме ниту едно ливче да се движи. Беше морничаво тивко.“

Милиони без електрична енергија

Околу 2,8 милиони домаќинства и бизниси останаа без струја низ цела Флорида. Најмногу прекини има во округот Сарасота, каде што речиси сите корисници останаа без електрична енергија. Слична ситуација се пријавува и во окрузите Хилсборо, Манате и Харди, со прекини кои се очекува да се зголемат додека Милтон продолжува да се движи кон источниот брег.

Состојбата е критична, а спасувачките екипи работат со полна пареа, но последиците од ураганот ќе се чувствуваат уште долго.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Се шири нова „Јавна соба“? Фотографии од малолетнички на Фејсбук предизвикуваат загриженост

Насилство во Берово: Жена со тврд предмет го нападнала сопругот