На социјалните мрежи и по српските медиуми вирално се шири емотивна приказна од непознат автор, која зборува за осаменоста на една постара жена и мајка. Нејзината приказна ги допре срцата на многумина, па решивме да ја споделиме со вас.
„Имам 65 години и живеам сама. Синот и ќерката се далеку, со свои семејства и обврски. Не им се јавувам често, чекам да се сетат сами – но тоа ретко се случува. Оваа година дури го заборавија и мојот роденден. Не им замерувам, навистина не.
Разбирам, и јас бев зафатена и понекогаш немав време за моите родители. Но, не престанав да се грижам за нив, како што и сега се грижам за моите деца. Потрошив сè од себе за да ги направам добри луѓе, да им овозможам образование и да им обезбедам сè што им беше потребно. Но сега, седам сама меѓу четири ѕида, чекајќи телефонски повик.
Не добивам многу такви повици. Телефонот молчи, а со него и тишината станува мој постојан придружник. Оваа година го заборавија мојот роденден. Се чувствувам како стар пес, напуштен и заборавен.
Но, не се лутам. Животот е тежок, а обврските ги надминуваат емоциите. Затоа им благодарам на сите. Можам и сама. Секогаш наоѓам нешто да ме држи во живот – хоби, позитивни мисли. Ќе се молам моите деца никогаш да не почувствуваат ваква осаменост.
Се молам вашите деца да не ве заборават, како што вие ме заборавивте. Иако ме нема со кого да го споделам овој живот, сепак не престанувам да ве сакам и да бидам тука за вас, како што секогаш бев. Ќе се сетите на мене кога ќе ме нема, ќе си спомните за секоја честитка што не ја испративте и за секој роденден што го заборавивте. Но, дотогаш – јас сум тука. Без оглед на сè.”
Секоја мајка, секој родител заслужува почит, а оваа приказна нè потсетува колку е важно да се негуваме семејните врски, особено со оние кои секогаш биле тука за нас.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден