во

Моментот кога ураганот Милтон ја погоди Флорида (ВИДЕО)

Сателитските снимки го уловија мигот кога моќниот ураган Милтон удри врз брегот на Флорида.

Според најновите податоци од американскиот Национален центар за урагани, силата на ветровите на Милтон постепено слабее. Сега ураганот е од втора категорија, а брзината на ветерот достигнува 177 километри на час.

Голем дел од Флорида остана без струја, а по претходното предупредување за евакуација, на населението сега им е советувано да не ги напуштаат своите домови.

Исто така, властите предупредуваат дека ако одеднаш се почувствува тишина, тоа би можело да значи дека се наоѓаат во окото на ураганот и никако не треба да излегуваат надвор.

Според последните податоци, издадени се повеќе од 120 предупредувања за торнада низ Флорида. Снимките од разорните суперклеточни структури се навистина застрашувачки.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Три урагани ги вознемирија научниците: два се движат кон Европа

Најголемиот пороен дожд во последните 50 години предизвика поплави во Сахара: По неколку децении, езерото повторно се наполни со вода