во

Јелена Ѓоковиќ мудро ѝ покажа на жената каде ѝ е местото: Вака се одговара на провокации

Новак и Јелена Ѓоковиќ се веќе долг период еден од најпознатите парови на светската спортска сцена. Нивната врска, која започна уште во тинејџерските години, прерасна во силен брак полн со љубов, поддршка и взаемна почит. Додека Новак доминира на тениските турнири ширум светот, Јелена е таа која често стои зад сцената, обезбедувајќи му огромна емоционална поддршка.

Нивната љубовна приказна започна уште во средношколските денови во Белград, кога развија пријателство кое брзо премина во романтична врска. Јелена Ристиќ, тогаш непозната за пошироката јавност, го освои срцето на младиот тенисер, а нивната љубов се развиваше паралелно со Новаковата кариера, која тогаш беше во подем. Веќе во тие рани денови се гледаше дека станува збор за пар со длабока поврзаност.

Во 2014 година, по Новаковата победа на Вимблдон, тие се венчаа на преубава церемонија во Црна Гора. Брзо по тоа, нивниот брак стана симбол на хармонија и заедништво, а парот доби две деца – синот Стефан и ќерката Тара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Јелена, која е завршен менаџмент, стана директорка на хуманитарната Фондација Новак Ѓоковиќ, која се фокусира на подобрување на образованието за децата од социјално загрозените заедници. Нејзината посветеност на хуманитарната работа, како и неизмерната поддршка која му ја пружа на Новак во неговите спортски успеси, ја прават клучен дел од нивната заедничка приказна.

Во интервјуа, Новак често ја истакнува важноста на семејниот живот, кој му дава сила и рамнотежа, неопходни за одржување на високото ниво на игра. Јелена пак, секогаш гордо говори за Новаковите успеси, но никогаш не заборава да го нагласи значењето на семејството, кое за неа е на прво место. Таа е многу посветена на темите поврзани со семејството и развојот на децата, трудејќи се да донесе бројни стручњаци во Србија. Неодамна, во Белград, таа разговараше со познатиот детски психолог, д-р Гордон Њуфелд.

Но, не секогаш јавноста е согласна со нејзините ставови. На социјалните мрежи, во врска со овој разговор, се појавија бројни коментари, меѓу кои се истакна и мислењето на една жена која упорно ги бранеше своите ставови: „Ве молам, не генерализирајте култури како глобални. Има толку различни култури, а нашата балканска е многу поразлична од западниот или американскиот екстремен индивидуализам и приватност“, напиша корисничката. На тоа, Јелена смирено одговори: „За жал, сега можеме да кажеме дека сите сме се оддалечиле од семејното јадро како најдобар извор на среќа и исполнување, бидејќи се прилагодивме на материјализмот и технологијата како стил на живот. Ова е токсичната култура на која се повикуваме“.

Коментаторката продолжи да се спротиставува и тврдеше дека тоа не е точно, но Јелена одлучи да не влегува во понатамошна расправа. Сопругата на Новак Ѓоковиќ, позната по својот одмерен став и смиреност, покажа дека знае кога е вистинско време да се изрази мислење и да ги брани своите ставови. Но, кога забележа дека нема простор за разбирање, мудро се повлече, избегнувајќи беспотребна конфронтација.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Харис Џиновиќ за Мелина: „Направи 15 пити во животот, не знаеше да готви“

Домот на Жика Тодоровиќ во Црна Гора со приватна плажа – рај скриен од светот