во

Дедо 70 години собирал парички во стаклена тегла: Резултатот ги оставил внуците без зборови

Интернет корисник неодамна сподели приказна која привлече огромно внимание. Неговиот дедо, кој 70 години собирал ситни пари во голема стаклена тегла, конечно им дозволил на внуците да ја отворат и да ги пребројат парите.

My Grandpa saved his change in this glass jug for 70 years, and is finally letting me count it!
byu/Crimsonkitsune333 inpics

Теглата била полна со сребрени и бронзени монети, а внуците биле воодушевени од количината на пари што ја пронашле. Вкупно, успеале да соберат неверојатни 69 килограми монети, што на крајот изнесувало 2.052 американски долари (околу 1.870 евра).

UPDATE: The 70 year old coin jar has been sorted and counted- final total is $2052.76!
byu/Crimsonkitsune333 inpics

Иако дедото мислел дека во теглата нема повеќе од 1.000 долари, конечниот износ ги надминал неговите очекувања. Дополнително, внуците пронашле неколку монети од историско значење, од кои најстарата датира од 1928 година, а нивната вистинска вредност допрва ќе биде проценета од експерти.

Оваа неверојатна приказна предизвика голема заинтересираност со над 28.000 лајкови и бројни коментари од корисници кои беа фасцинирани од откритието.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спектакуларна роденденска прослава за синот на Сека Алексиќ! Декорацијата ги воодушеви сите

Судир меѓу Салма Хајек и Никол Кидман на Модната недела во Париз: Тензиите кулминираа со физички контакт и остри зборови