во ,

Мила Србиноска го освои светот: Светски шампион во хип-хоп и стрит денс

Македонија уште еднаш го покажа својот талент во светот на танцот, откако Мила Србиноска од клубот „Брејк А Лег“ триумфираше на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс, што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“. Србиноска, во конкуренција од 174 натпреварувачи, ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија со неверојатен настап полн со енергија, креативност и техничка совршеност, импресионирајќи го жирито и публиката.

Оваа победа е круна на нејзината напорна работа и талент и е инспирација за младите танчери во земјата. Македонската репрезентација беше меѓу најбројните на натпреварот, со учесници од клубовите „Брејк а Лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит Да Бит“ и „Уан Веј“.

Светското првенство беше отворено со грандиозна Парада на нации, каде што настапија над 1700 танчери, создавајќи спектакуларно шоу. Настапот на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, кој ја прикажа македонската традиција преку народни игри и ора, дополнително го збогати отворањето.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Судир меѓу Салма Хајек и Никол Кидман на Модната недела во Париз: Тензиите кулминираа со физички контакт и остри зборови

Необичен рецепт за трилече со посебен шмек – кокос како тајна состојка