Иако свадбата на Лепа Брена и Слободан Боба Живоиновиќ во 1991 година изгледаше како бајка, вистината е дека не сè одеше според планот. Долги години нивниот спектакуларен настан беше тема на разговор, но сега, по 33 години, матичарот кој ги венчаше открива детали за неочекуваниот инцидент што го засени идеалното сценарио.
Пехот кој го промени планот во последен момент
Свадбата првично била планирана во големата конференциска сала на Сава центар, каде симфониски оркестар требало да ја надополни холивудската атмосфера. Но, токму на денот на свадбата, пукнала цевка, и церемонијата морала набрзина да се префрли во кино-салата, иако сите гости веќе пристигнале. И покрај оваа непријатна ситуација, Брена и Боба останале смирени и успешно се адаптирале, правејќи од својот ден на свадбата вистински спектакл.
Гала свадба со 600 гости и торта на пет ката
Настанот беше еден од најгламурозните во тогашната Југославија, со присуство на 600 гости. За раскошниот банкет беа ангажирани дури 60 готвачи кои подготвија 650 јадења. Свадбената торта беше на пет ката, а највпечатлив подарок дојде од Борис Бекер, кој на младенците им подари најнов модел „мерцедес“.
Лепа Брена блескаше во венчаница од модната куќа „Диор“, додека медиумите буквално ги следеа сите чекори на оваа легендарна двојка. И покрај инцидентот, свадбата остана запаметена како еден од најпопуларните настани во регионот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден