во ,

Режисерот Столе Попов, добитник на наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија

Македонскиот режисер Столе Попов е годинашниот лауреат на почесната награда „Живојин Жика Павловиќ“ во Србија, која се доделува за промоција на балканската кинематографија во светот, јави дописникот на МИА од Белград.

Оваа престижна награда ќе му биде врачена на годишното доделување на наградите за режисер, кое ќе се одржи на 17 октомври во Нови Сад.

По повод оваа награда, на 16 октомври во 20:30 часот во Арена Синеплекс во Нови Сад ќе биде организирана проекција на неговиот филм Gipsy Magic. Влезот за проекцијата е бесплатен.

Досегашни лауреати на ова признание вклучуваат истакнати имиња како Горан Марковиќ, Слободан Шијан, Емир Кустурица, Раде Шербеџија, Предраг Мики Манојловиќ, Лазар Ристовски, Драган Николиќ, Велимир Бата Живојиновиќ, Славко Штимац, Богдан Дикљиќ, Горан Паскаљевиќ, Милчо Манчевски и Миша Радивојевиќ.

Гала церемонијата за доделување на Годишната награда за режисер ќе се одржи на 17 октомври 2024 година во „Хотел Пупин“ во Нови Сад, во организација на продуцентската куќа „Магична Линија“. На гала вечерата, со номинираните режисери и гости, ќе бидат доделени Годишните режисерски награди за две категории: ТВ серии и најдобра режија на филм од просторот на поранешна Југославија.

Во рамките на оваа манифестација, на 16 и 17 октомври, ќе се одржат конференции на Организацијата за заштита на авторските права, како и панел-серии организирани од Здружението на режисери на Балканот.

Столе Попов ја започна својата кариера со режија на документарни филмови, а неговиот прв игран филм е Црвен коњ од 1980 година. Неговите најпознати играни филмови вклучуваат Тетовирање, До Балчак и Џипси Меѓик. Тој е и автор на сценаријата за повеќето од своите дела.

Добитник е на над 50 европски и светски награди, вклучувајќи 8 Гран при награди на различни меѓународни фестивали и две номинации за „Оскар“ (Американска филмска академија) за документарниот филм Дае и Феликс (Европска филмска академија) за филмот Тетовирање.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Подобро од оригиналот: Кинезите си направија свое Санторини

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории