во

Тино и Атанас со трето стендап шоу во Скопје на 8 ноември

Популарните актери Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски повторно ќе ги насмеат скопјани со своето трето заедничко стендап шоу насловено „(Нат)просечен Македонец“. По големиот интерес за првите два термина на 2 и 3 ноември, организаторите од „Авалон“ објавија и дополнителен настап на 8 ноември во салата „Јане Сандански“.

Ова шоу ќе биде првото стендап шоу одржано во толку голема сала во Македонија, што сведочи за големата популарност на дуото Тино и Атанас. На настанот ќе им се придружи и комичарот Стефан Николовски како гостин.

Инаку, Атанасовски и Костадиновски се дел од Театар Комедија, каде редовно ги воодушевуваат публиката со своите настапи.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Дипломиран историчар работи како електричар“: Приказната на натпреварувачот од квиз предизвика бурни реакции на социјалните мрежи