во

Вечерва на полноќ се прави важен обичај за жените – утре е голем празник

Православните верници утре го одбележуваат Светиот апостол Јаков, еден од 70-те апостоли и брат по вера на Исус Христос. Овој празник носи значајни верувања и обичаи, особено за жените.

Купи Маица

Свети Јаков, познат по својата праведност, постојано ги опоменувал богатите да бидат смирени, истакнувајќи дека Бог ги избрал „сиромашните на светот“ да бидат богати со вера и наследници на Царството небесно. Тој ги потсетувал на потребата од правда и чесност, посочувајќи ги неправдите кон сиромашните работници.

Обичаи и верувања за празникот на Свети Јаков

Еден од најважните обичаи што се практикува вечерва е за неженетите девојки. Според народното верување, девојките треба на полноќ да се измијат со студена вода за да се заштитат од зли духови и да обезбедат здраво потомство.

Утре, на самиот ден на Свети Јаков, верниците треба да простат на „злите јазици“ и да се откажат од клеветите, како дел од прошталниот и смирувачки дух на празникот.

Овој празник е време за простување, смирение и духовно обновување, особено за жените кои се придржуваат до традиционалните обичаи.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Луксузни вили на Пикси: Од Париз до Белград – раскошни домови кои оставаат без здив

Протекоа фотографии од филмот „Lee“: Кејт Винслет целосно гола во новата улога