во

Калишкиот манастир: Светилиште кое исцелува и дарува живот

Калишкиот манастирски комплекс, сместен близу Струга, е познат по својата духовна моќ и чудата што се случуваат таму. Комплексот го сочинуваат четири светилишта, меѓу кои две пештерски цркви посветени на Богородица и Свети Атанасиј Велики, како и црквите на Пресвета Богородица и светите апостоли Петар и Павле.

Една од најценетите икони во Македонија и единствена на Балканот, Чудотворната икона на Богородица во црно, се наоѓа во ова светилиште. Според преданијата и сведоштвата на многубројни посетители, оваа икона има неверојатни исцелителни моќи. Верниците веруваат дека Пресвета Богородица исцелува од неизлечиви болести и им помага на оние кои не можат да имаат деца.

Наќе Парталов, кој веќе десет години живее во манастирот, сведочи за многубројни примери каде жени, кои долго време не можеле да останат бремени, по молитва пред иконата станале мајки. Многу семејства доаѓаат повторно во манастирот со своите деца како знак на благодарност за добиениот благослов.

Во дворот на манастирот се наоѓа и историскиот Чинар, стар над 700 години, кој се верува дека потекнува од времето на Цар Самоил. Манастирот не само што е место за исцелување, туку и магнет за многу венчавки и крштевки, благодарение на неговата духовност и верување во благословот на Мајката Божја.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сашко Коцев е новиот водител на фестивалот „Златно славејче“

Чудотворниот напиток кој ги чисти белите дробови и црниот дроб – козја сурутка