во

Европа под удар на орканска бура: Ветрови до 150 км/ч и бранови од 20 метри

Во последните два дена, северозападниот дел од Европа беше зафатен од силна орканска бура, која донесе ветрови со брзина до 150 км/ч и масивни бранови на Атлантикот, високи дури 20 метри. Најпогодени беа Ирска, Северна Ирска, Велс и Шкотска, каде што ветерот достигна брзина од над 100 км/ч, со најсилни удари на западниот брег на Шкотска.

Покрај силните ветрови, бурата предизвика обилни врнежи, а на обалните региони удрија огромни бранови. Западно од Ирска, во Атлантикот, беа регистрирани бранови со висина од 20 метри, што претставуваше голема закана за пловидбата и транспортот.

Олујата предизвика сериозни нарушувања во сите видови транспорт, вклучително и авионскиот, каде што многу летови имаа проблеми при слетување. За среќа, временскиот систем се смири, и времето веќе се стабилизира.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WhatsApp воведува нова „Chat Memory“ функција: Разговорите со AI стануваат поинтуитивни

Султанот од Брунеи: Живот во златна палата со 7.000 луксузни автомобили и мистериозен харем