Леонтина и нејзините три браќа, Михаил, Теодор и Ведран, познатите четворка-близначиња од Штип, денес го слават својот прв роденден. Малите херои кои ги освоија срцата на цела Македонија, денеска уживаат во посебен ден, исполнет со многу радост и љубов.
Мајката, Благица Митева Зикова, ја сподели оваа прекрасна вест на социјалните мрежи со неколку слатки фотографии од дечињата и роденденската торта, изразувајќи ги своите емоции:
„Вие сте нашиот дар од Бога, имајте среќно и благословено детство. Мама и тато ќе направат сè да добиете најголемата љубов.“
Четворката беше испратена дома од ГАК минатата година, на што д-р Елена Ѓоргиевска Николовска, која ги донесе на свет, изјави дека тоа било неверојатно искуство за сите вклучени.
Честит прв роденден на овие мали ангели!