во

Леброн и синот Брони со победа ја отворија новата НБА сезона

Со кревање на 18-тото шампионско знаме во бостонскиот ТД Гарден, започна новата сезона во НБА, а шампионот Бостон Селтикс ја отвори сезоната со убедлива победа против Њујорк Никс, 132:109. Џејсон Тејтум блесна со 37 поени и 10 асистенции, додека Њујорк не успеа да одговори и покрај новите засилувања, Карл-Ентони Таунс и Микал Бриџис.

Сепак, во историјата ќе остане и натпреварот на Лос Анџелес Лејкерс, каде Леброн Џејмс и неговиот син Брони за првпат играа заедно во ист натпревар. Лејкерс ја совлада Минесота Тимбервулфс со 110:103. Леброн постигна 16 поени, додека Брони доби неколку минути на паркетот и успеа да фати еден скок.

Најдобар на теренот за Лејкерс беше Ентони Дејвис со 36 поени, 16 скока и три блокади, додека за Минесота најистакнат беше Ентони Едвардс со 27 поени.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Видови овошје и зеленчук најзагадени со пестициди според EWG

Суви сливи: Овошје што помага во зголемување на мускулната маса