во

Чварките и кајмакот – од евтина храна до луксуз: Високите цени ги шокираат купувачите

Поради драстичното покачување на цените, некогаш евтините деликатеси како чварките и кајмакот сега се купуваат на грам. На пазарите килограм чварки достигна цена од околу 800 денари, што ги претвори овие традиционални „бомбони од свиња“ во луксузна храна.

Продавач на чварки објаснува дека цената од 800 денари по килограм е непроменета од минатата година. „Луѓето купуваат според можностите. Чварките се популарни, особено во зимската сезона, а заедно со нив се продава и сланина, чија цена варира од 400 до 700 денари по килограм.“

Во текот на зимата, производите од млеко, како кајмакот и сирењето, се исто така дел од традиционалните оброци, и покрај високите цени. Но побарувачката за овие производи е значително помала во споредба со претходните години.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Раде Шербеџија успешно опериран, подготвен за концерт во Белград

Обичаи за Света Петка: Што треба да избегнуваат жените на овој ден