во ,

Хирург на 90 години: Баба Али и понатаму изведува четири операции дневно!

Неуморната и посветена д-р Алиса Левушкина, 90-годишен хирург од Русија, е инспирација за многумина. Со повеќе од 10.000 изведени операции и без намери за пензионирање, таа продолжува да работи секој ден во градската болница во Рјазан, Москва, изведувајќи четири операции на ден.

„Да се биде доктор не е само професија, туку начин на живот,“ вели Левушкина. Иако многумина на нејзина возраст веќе одамна се во пензија, таа не гледа причина да престане. „Кога не би работела, што би правела? Хирургијата е мојот живот,“ истакнува таа.

Тајната на нејзината долговечност – едноставен живот и силна посветеност

Д-р Левушкина, која никогаш не се мажела, живее скромно и се грижи за својот внук и нејзините осум мачки. На прашањето за тајната на нејзината виталност, одговара: „Само јадам редовно, се смеам и често плачам.“

Оваа лекарка е среќна што го прави она што го сака, истакнувајќи дека многу пациенти живеат благодарение на нејзината посветеност и желба да помогне.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Биткоинот близу нов рекорд: Надмина 73.000 долари, инвеститорите во очекување

Боровинките можат да ја подобрат меморијата и здравјето на мозокот