Нови Сад, 1 ноември 2024 – Надзорните камери на Железничката станица во Нови Сад го забележале моментот на страшната несреќа, кога голем дел од настрешницата над перонот одеднаш се урнал, предизвикувајќи вистински хорор. Инцидентот се случил утрово пред 12 часот, а првите извештаи потврдуваат дека има жртви и повредени лица, иако точниот број засега е непознат.
Во моментот на рушењето, многу патници седеле на клупите под покривот, што дополнително ја зголемува тежината на настанот. Брзата помош и полицијата веднаш пристигнале на местото на несреќата, а спасувачките операции се уште се во тек. Според првичните информации, урнатата настрешница била дел од стара структура, изградена во далечната 1964 година.
Од Итната помош велат дека, поради тежината на повредите кај некои од лицата, во моментот не можат да дадат конкретни информации за бројот на повредените или нивната состојба.
Граѓаните кои биле сведоци на настанот изразуваат шок и жалост за настраданите, додека службите интензивно работат на расчистување на местото и обезбедување на повредените.
View this post on Instagram