Милан Маринковиќ, братучедот на Цеца Ражнатовиќ, кој некогаш беше постојана тема на таблоидите поради бурниот љубовен живот со бројни познати дами, речиси исчезна од јавноста. Овој некогашен “швалер на естрадата” последниве години не се појавува на настани или семејни слави кај Ражнатовиќ, што ги отвори прашањата каде е и што се случува со него.
Маринковиќ низ годините беше познат по врските со бројни познати жени. Една од најпознатите беше манекенката Сара Трајановиќ, со која се запознал на забава по завршувањето на реалното шоу Фарма. За Сара, Милан дури ја прекинал долгогодишната врска, покажувајќи дека знае како да ги освои дамите со својот шарм.
Покрај Сара, срцето на Милан го освои и пејачката од Бугарија, Габриела Пејчев, која призна дека е заљубена во него. Се вели дека Милан бил вистински џентлмен со неа, подарувајќи и внимание наместо скапи подароци, што ја привлече Габриела.
Шпекулациите за неговиот љубовен живот не застануваат тука – медиумите известуваа дека бил и со пејачката Маја Николиќ и манекенката Сара во исто време, што довело до скандал. Маја на една забава ја полила со шампањ Сара и дури ја гаѓала со чаша, а причина бил токму Милан, кој ги шармирал и двете.
Милан беше во врска и со пејачката Александра Стојковиќ – Џиџа, но и нивната романса на крајот се распаднала поради љубомора и ретки средби.
Покрај овие врски, гласините велат дека бил и со старлетата Наташа Шавија, која за него изјави дека многу ужива во неговото друштво, добивајќи од него внимание и скапи подароци.
Денес, изгледа дека Милан се повлекол од светлата на јавноста, оставувајќи ги љубовните авантури зад себе. Дали ова е само фаза или целосно повлекување, останува да видиме.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден