во

Утрински земјотрес од 2,2 степени ги разбуди скопјани

Во 5:49 часот утрово, земјотрес со јачина од 2,2 степени по Рихтеровата скала беше почувствуван во Скопје и околината. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот се наоѓал на 8 километри северозападно од Скопје, на границата меѓу Македонија и Косово, на длабочина од 8 километри.

Ова е втор земјотрес во последните неколку дена кој го потресе скопското подрачје. Пред три дена, земјотрес со слична јачина од два степени беше регистриран со епицентар во Скопје.

Иако утринскиот потрес беше со релативно слаба јачина, доволно ги разбуди скопјани и предизвика загриженост поради зачестените потреси во овој регион.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Денес се слави Светиот маченик Анастасиј – Симбол на верата и храброста

Лазаров: Победивме со квалитет и поддршка од публиката