во

Зоолошката градина во Скопје повторно отворена за посетители по три недели карантин

По три недели затворени врати, скопската Зоолошка градина повторно ги пречека своите посетители, враќајќи ја радоста и детскиот џагор на патеките меѓу животните.

Во текот на затворениот период, кој траеше 21 ден, Зоолошката беше подложена на интензивна дезинфекција и одржување, поради откриен случај на птичји грип кај една од гуските. Преземени беа сите неопходни мерки за безбедност на животните и посетителите, при што Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и ЗОО-Скопје потврдија дека просторот сега е целосно безбеден.

Многумина посетители изразија задоволство од повторното отворање, особено оние кои редовно ја посетуваат зоолошката и кои во изминатите недели неколку пати се обидувале да ја посетат, наидувајќи на затворени врати. „Бевме тука неколку пати и најпосле се отвори,“ велат тие, а децата беа особено среќни што повторно можат да ги видат своите омилени животни и да се возат со малото вовче.

Работниците на Зоолошката, кои се грижат за животните, истакнаа дека за животните било необично што нема посетители. „Мислам дека и на животните им недостасуваше присуството на луѓето, иако можеби на кратко им користеше одмор од гужвата што ја имаа преку лето,“ вели негувателката Марија Дојчиновска.

Од ЗОО-Скопје велат дека затворањето значително ја погодило финансиската состојба на установата, но сега се надеваат дека посетителите ќе продолжат да доаѓаат и дека зоолошката ќе се врати во полн капацитет.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Научниците од Женева го решија прашањето: Што е постаро, кокошката или јајцето?

Андријана Јаневска потпиша договор со Warner Bros. и работеше на саундтрак за „Mortal Kombat 1“