На Првата хируршка клиника при Универзитетскиот клинички центар на Србија, тимот хирурзи предводен од проф. д-р Владимир Дугалиќ успешно изведе операција на пациентка со преку 15 метастази на црниот дроб. Оваа интервенција, позната како “потковица” или “ролеркостер”, е изведена само еднаш досега во светот – во Милано, Италија во 2022 година. Со овој редок зафат, хирурзите успеале да го зачуваат поголемиот дел од црниот дроб на пациентката, која истовремено имала и примарен тумор на панкреасот, со што ѝ е спасен животот.
Техниката вклучува детално отстранување на туморските промени, истовремено чувајќи го здравото ткиво на органот – метод кој го усовршил јапонскиот професор Масатоши Макуџи, учител на хирургот од Милано и на проф. Дугалиќ.
„Во вакви случаи мора да остане најмалку 30 до 40% од црниот дроб за да продолжи да функционира. Оваа операција беше комплицирана поради изложувањето на сите крвни садови и жолчни канали долж органот,“ објаснува проф. Дугалиќ. Според него, методот “потковица” овозможува максимално отстранување на туморот без уништување на анатомските структури, што ја прави оваа интервенција револуционерна во третманот на хепатичните тумори.
Покрај проф. Дугалиќ, во тимот учествувале и хирургот д-р Александар Богдановиќ, анестезиологот д-р Богдана Милинковиќ, и д-р Урош Ѓинѓиќ, специјализант. Тие нагласуваат дека пред секоја операција детално го планираат пристапот за да ги минимизираат ризиците и можноста за неочекувани компликации.
„Со овој пристап зачувавме околу 40% од десниот дел на црниот дроб, избегнувајќи ризик од постоперативна инсуфициенција на органот,“ додава д-р Богдановиќ.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден