во

Жарко Димитриоски стана татко: „Нашата ќеркичка е нашата најголема радост“

Популарниот водител Жарко Димитриоски, познат по своето ток-шоу „Еден на еден“, ексклузивно откри дека тој и неговата сопруга станаа родители пред пет месеци. Иако својот приватен живот го чува подалеку од јавноста, Жаре ја сподели радосната вест пред утрешната панел-дискусија за родителство, организирана од „Бекутан“.

„Нашата ќеркичка има само пет месеци и е вистинско мало сонце кое ни го осветлува секој ден,“ вели Димитриоски, додавајќи дека оваа нова улога му носи неизмерна среќа и го исполнува со љубов.

На панелот утре, покрај Димитриоски, за родителството ќе зборуваат и актерите Сашко Коцев, Тарик Филиповиќ и Петар Бенчина. Настанот ќе се пренесува во живо на социјалните профили на „Бекутан“.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хитовите на Лепа Брена што ја направија ѕвезда на Југославија

Каролина Гочева ужива во слатките задоволства и спомени од Лос Анџелес