Познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ го прослави својот 40-ти роденден и на Инстаграм ја сподели радоста од мајчинството со посветена објава за својот син, кој ѝ го промени животот. Откако минатата година, со помош на сурогат мајка, доби син во САД, Марија признава дека мајчинството длабоко ја трансформирало и дека секој момент сега има посебно значење.
„Четириесет години… Пат исполнет со предизвици и победи! Секоја година ми донесе нешто драгоцено – лекции, љубов, сила, а понекогаш и тишина која ме потсетуваше колку е важно да застанам и да бидам благодарна. Но, најголемиот подарок што животот можеше да ми го подари е мојот син“, напиша Марија. „Моето сонце и најубавите зраци. Секој момент е повреден со него.“
Во неодамнешно интервју, Марија сподели колку мајчинството ја променило: „Се чувствувам поемотивна и почувствителна. Гледам на животот со поголема нежност и разбирање. Како да растам заедно со него.“
Покрај својата нова улога како мајка, Марија продолжува и со музичката кариера. Нејзиниот следен концерт е закажан за 23 ноември во Осјек, што ќе биде нејзино прво самостојно гостување во градот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден